Дома Македонски спорт Брера се раздели со Италијанецот Валенти!

Брера се раздели со Италијанецот Валенти!

Tимот на Брера Струмица му врачи отказ на тренерот Џовани Валенти поради лошите резултати.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Отказот за Валенти дојде по поразот од Работнички во минатото коло. Заминувањето на италијанскиот тим го потврди клубот преку соопштение.

„Управата на „Брера Струмица“ спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Џовани Валенти кој од денес нема да го предводи првиот тим. Раководството на клубот на овој чекор се одлучи согласно постигнатите резултати на сениорскиот состав  во Првата фудбалска лига на Македонија од стартот на сезоната кои не се вклопија во амбициите и стратегијата на клубот.

По извршените разговори и анализа на постигнатите резултати, со ваквата одлука се согласи и италијанското трио предводен од Џовани Валенти кои во Струмица пристигна со асистентот Микеле Кавали како и тренерот на голманите Алесандро Пегорари“, стои во соопштението на Брера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …