Брентфорд го шокираше Манчестер Сити и со гол во 98. минута славеше победа на „Етихад“ од 1:2.
Одличниот Иван Тони го доведе Брентфорд во водство после само 16 минути игра. Тимот на Пеп Гвардиола успеа да изедначи на 1:1 во судиското продолжение од првото полувреме со голот на Фил Фоден.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стоеше 1:1 на семафорот се до самата завршница. Главниот судија на натпреварот даде дури 10 минути судиско продолжение. Додека Сити се обидуваше да дојде до победнички гол следуваше ви стински шок во 98. Минута. Во една одлична контра на гостите повтроно реализатор беше Иван Тони и со својот втор гол донесе победа за Брентфорд.
Треба да се спомене дека ова беше прв пораз на домашен терен за Манчестер Сити во Премиер лигата после февруари оваа година кога Тотенхем се радуваше на „Етихад“. Поразот за Сити е одлична вест за Арсенал кој ако победи денес со Вулвс ќе оди на плус пет на лидерската позиција.
Goal penentu kemenangan oleh Ivan Toney setelah memanfaatkan serangan balik cepat!!!
— Cakwe Anbu 🦊👺🌵🥀 (@YareY4r3Daze) November 12, 2022
Man City 1-2 Brentford#MCIBREpic.twitter.com/BrjKw452uF