12. коло во македонското првенство беше отворено денес со натпреварот во Чаир помеѓу Шкупи и Брегалница.
Брегалница сосема добро ја започна сезоната и во овој натпревар влезе како четвртопласирана против лидерот на табелата. Шкупи ја имаше фаворитската улога која на крајот и ја оправда со убедлива победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот беше решен уште после првите 45 минути кога Шкупи имаше предност од 3:0. Матеј Цветановски го отвори резултатот уште во осмата минта, Рувтубаје зголеми на 2:0 после половина час, а на пет минути до паузата Адетунџи стрелаше за веќе убедливо водство на чаирчани.
Работите не се променија и во второто полувреме. Цветановски постигна уште еден гол за Алварез во 64. минута со еден еврогол да ги постави конечните 5:0. Треба да се спомене и дека Алтипармаковски пред двата гола на Шкупи во второто полувреме не реализираше пенал.
Со оваа победа Шкупи доаѓа до 29 бода на врвот на табелата, додека Ренова и Академија Пандев имаат по 21 бод со тоа што своите натпревари ги играат утре.
ОД 14:00 ЧАСОТ УТРЕ ИГРААТ:
Пелистер – Македонија ЃП
Скопје – Ренова
Шкендија – Тиквеш
Борец – Работнички
Струга Трим Лум – А.Пандев