Дома Фудбал Останато Бразилската легенда: Ако Нејмар вака продолжи ќе се пензионира пред да наполни 30 години

Бразилската легенда: Ако Нејмар вака продолжи ќе се пензионира пред да наполни 30 години

Поранешниот фудбалер на Баерн и бразилската репрезентацијата Зе Роберто истакна загриженост за својот сонародник Нејмар.

Зе Роберто не го доведува во прашање квалитетот на Нејмар како фудбалер, но како голем проблем го истакна неговото однесување и размислување.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Според бразилската легенда Нејмар мора од „корен“ да се промени ако не сака да се пензионира пред да наполни 30 години.

„Нејмар мора од „корен“ да го промени начинот на кој размислува. Многу е блиску до тоа да стане лидер. Повредите не му помогнаа, но ниту тој не беше 100% фокусиран на фудбалот, само прашање на време е кога ќе престане да ужива во фудбалот“.

Потоа доби прашање дали Нејмар може да биде добар како него.

„Не нема шанси. Ако вака продолжи, Нејмар ќе се пензионира пред да наполни 30 години. Парите и луксузот знаат да направат проблем, но погледнете ги Меси и Роналдо и тие имаат луксуз но живеат поинаку“, изјави Зе Роберто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Продолжување на лудата приказна за трофејот на Светското клупско првенство: Оригиналот останал кај Трамп, Челси добил копија

Доналд Трамп беше во центарот на вниманието на Светското клупско првенство, кое првпат се …