Дома Трансфер зона Бојан Кркиќ е пред трансфер со кој ќе испише историја, би бил само трет играч со вакво „сиви“

Бојан Кркиќ е пред трансфер со кој ќе испише историја, би бил само трет играч со вакво „сиви“

Еден од играчите кои ќе бидат слободни на 1. јануари е и Бојан Кркиќ. Шпанскиот напаѓач со српско потекло во овој момент е член на МЛС тимот, Монтреал со кој му истекува договорот и познато е дека соработката нема да биде обновена.

Кркиќ како слободен играч ќе може да потпише за некој друг клуб, а ќе има прилика да испише историја.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Момчето кое многу ветуваше во времето кога играше за Барселона сега изгледа ќе има најголема желба да потпише за некој француски клуб и таа опција е можна.

Преку посредници тој бил понуден на Сент Етјен кој е во потрага по напаѓач и таа опција не е отфрлена. Иако „зелените“ прво го сакаа Ислам Слимани кој не игра во Лестер неговата висока плата може да биде пречка и сега размислуваат за Кркиќ.

Зошто Кркиќ толку би сакал да игра во Франција? Поради еден вид на подвиг.

Ако Кркиќ заигра во Франција ќе стане само третиот играч во историјата на фудбалот кој играл во најсилните пет првенства: Премиер лига, Примера, Серија А, Бундеслига и Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…