Џуд Белингам е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а во неговиот договор со Борусија Дортмунд нема ослободителна клаузула.




Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Челзи се силно заинтересирани за неговиот потпис, а Борусија за неговата слобода на лето ќе бара 150 милиони евра.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Споменатите клубови се спремни да платат 100 милиони евра за англискиот талент, но тоа најверојатно нема да биде доволно, бидејќи Белингам има договор со Борусија Дортмунд до 2025 година.




„Тој е идната суперѕвезда. Сигурен сум дека ќе ја напушти Борусија во 2023 година. Ќе се пресели во некој од најголемите светски клубови. Тој е неверојатен играч“, коментираше новинарот Флоријан Плетенберг за „Скај Германија“.