Кристијан Пулишиќ ја игра последната сезона во дресот на Борусија Дортмунд и од лето официјално ќе се пресели во Челзи.
„Милионерите“ веќе започнаа со потрагата по негова замена, а „Спорт Бил“ пренесува дека тоа може да биде ѕвездата од Премиер лигата и игач на Кристал Палас, Вилфред Заха.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска игра фантастично во дресот на „Орлите“ и е на мета на неколку гиганти од Премиер лигата.
„Милионерите“ го сакаа Заха и минатото лето, но Палас ја одби понудата од 50 милиони евра. Сега „Билд“ тврди дека Борусија е спремна да понуди 60 милиони евра за да го добие неговиот потпис.
Wilfried Zaha has been identified by Borussia Dortmund as a replacement for Chelsea-bound Christian Pulisic. (Source: BILD) pic.twitter.com/oYQt5JAtDa
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 23, 2019