Дома Фудбал Италија Бонучи ќе го тужи Јувентус

Бонучи ќе го тужи Јувентус

Јувентус во овој период се соочува со повеќе проблеми, а по позитивниот допинг тест на Пол Погба сега се најавува дека Леонардо Бонучи ќе поднесе тужба против својот поранешен клуб.

Бонучи имаше желба да остане во Јувентус, но тренерот Алегри го отпиша пред почетокот на сезоната, па беше принуден да ја промени средината. Кариерата искусниот дефанзивец ја продолжи во Германија во Унион Берлин.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега Бонучи поднесе тужба сметајќи дека Јувентус му го нарушил професионалниот имиџ. Евентуалната оштета ако ја добие, Бонучи најави дека ќе ја донира во хуманитарна организација во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анри и Вијера се загрижени – што ако и оваа сезона Арсенал остане без трофеј?

Во рок од само 13 дена, Арсенал ја испушти можноста да освои два трофеја и сега многумина …