Искусниот италијански дефанзивец, Леонардо Бонучи летово го напушти Јувентус и тоа на начин каков што не се посакуваше и очекуваше за играч кој прерасна во вистинска легенда на клубот.
Бонучи одигра повеќе од 500 натпревари, ја носеше и капитенската лента, а сега двете страни спорот ќе го решаваатн а суд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот ќе го тужи Јувентус за нарушување на имиџ. Бонучи беше изоставен од списокот за новата сезона, иако имаше желба да остане.
Сега тој за првпат јавно зборуваше за ситуацијата.
„По шпекулациите и гласините во медиумите на 13. јули бев известен дека не сум дел од проектот кој го замислиле директорот на Јувентус. Тоа за мене беше најголемото понижување во клубот за кој одиграв повеќе од 500 натпревари“.
„Алегри излезе со некои лажни изјави, не е точно дека пред неколку месеци ми кажал дека не смета на мене. Во нашиот последен разговор му кажав дека сум подготвен да отанам како 5-ти, 6-ти избор да им помогнам на младите фудбалери“, изјави Бонучи.