Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ја започнал операцијата за доведување на Душан Влаховиќ на „Сантиаго Бернабеу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Приоритет на „кралевите“ на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може да биде замена за Бензема, а изборот паднал токму на Влаховиќ.
Јувентус има финансиски проблеми, па е спремен да слушне понуди, а Реал веќе имал средба со агентот на Србинот.
Влаховиќ дал зелено светло за трансферот, а се очекува Реал во наредните денови за испрати понуда од 80 милиони евра до Јувентус.
Тоа е сумата која „старата дама“ ја бара за слободата на напаѓачот, па се очекува двете страни брзо да дојдат до договор.