Откако Нејмар премина во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра, една седмица подоцна Барселона го одигра првото „Ел Класико“ во Шпанскиот Суперкуп на домашен терен каде беа поразени од Реал Мадрид со 1:3.
Тој натпревар му стави до знаење на новиот тренер Ернесто Валверде дека има многу „дупки“ за пополнување во тимот, па затоа раководството на Барселона ќе се обиде да ангажира големо засилување на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Паулињо веќе вчера пристигна за 40 милиони евра, а Барселона понатаму очајно ги посакува Фелипе Кутињо и Осман Дембеле. Сепак, најголама желба на Барселона е Еден Азар и „каталонците“ се подготвени да платат 120 милиони евра за услугите на ѕвездата на Челси.
За Азар имаше интерес и Реал Мадрид, но сепак Флорентино Перез се откажа веќе поодамна од него поради Килијан Мбапе, па сега Барселона има на располагање пари од трансферот на Нејмар и ќе се обиде да го убеди Белгиецот да дојде во Ла Лига.