Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен ќе се пресели во редовите на големиот ривал.
Ериксен влезе во последната година од договорот и веќе има право да преговара со заинтересираните клубови, а во јануари ќе може да потпише преддоговор со новиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За него инетерс покажуваат неколку европски гиганти, но медиумите на Островот тврдат дека Данецот веќе се договорил со Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го реализираат трансферот во јануари и се спремни да понудат 40 милиони евра.
Таа сума најверојатно ќе биде прифатена од страна на „спарси“ бидејќи на лето можат да го загубат Ериксен без обештетување.