Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња нема да биде на клупата ниту на следниот натпревар во недела против Удинезе на гости.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бидејќи вториут циклус на лекувањето од леукемијата е при крај, стратегот повторно би можел да биде со фудбалерите за десет дена, во натпреварот против својот поранешен клуб Лацио. Михајловиќ добива огромна поддршка од своите играчи, како и од управата на Болоња. Самите играчи изјавија дека оваа сезона играат за Михајловиќ, а не за опстанок или за Европа.
Натпреварот помеѓу Болоња и Удинесе на програмата е во недела од 15:00 часот.