Дома Фудбал Англија Богатство за Канте: Французинот ќе заработува повеќе и од Азар!

Богатство за Канте: Французинот ќе заработува повеќе и од Азар!

Ѕвездата на Челзи, Нголо Канте наскоро ќе потпише нов договор со клубот од „Стенфорд Бриџ“, пренесуваат англиските медиуми.

27-годишниот француски репрезентативец има договор со „сините“ до јуни 2021 година, но Челзи сака да му понуди догорочен договор со подобри услови за да ги запре нападите кон играчот од страна на Пари Сент Жермен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според информациите кои пристигнуваат од Островот, Канте со новиот договор ќе стане најплатен фудбалер на Челзи и ќе заработува повеќе од Азар. Белгиецот во моментов добива 220.000 фунти неделно, а Французинот би требало да заработува помеѓу 300 и 350.000 фунти неделно.

Канте беше трансфер цел на ПСЖ кој во текот на летото испрати понуда од 80 милиони евра и му понуди двојно повисока плата, но Французинот реши да остане на „Стенфорд Бриџ“.

Поради тоа како награда ќе добие нов договор според кој ќе биде еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА бара зголемување на наградниот фонд за Светското првенство

УЕФА бара од ФИФА да го зголеми наградниот фонд и да пружи поголема поддршка со трошоците …