Дома Трансфер зона „Билд“ демантира дека Баерн е заинтересиран за Роналдо

„Билд“ демантира дека Баерн е заинтересиран за Роналдо

Иднината на Кристиано Роналдо е главна тема, откако стана јасно дека сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед после контроверзното интервју.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Дејли Мејл“ денес објави дека најсериозен интерес за Португалецот покажува Баерн Минхен.

Меѓутоа, набрзо стигна демант од „Билд“, кој тврди дека иднината на Кристиано Роналдо не била меѓу темите на последната средба на агентот на португалската ѕвезда Жорге Мендеш и раководството на Баерн Минхен.

Мендеш бил забележан на средба со претставници на германскиот шампион, но според информациите тоа нема врска со Кристиано Роналдо и Баварците не се заинтересирани за ветеранот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…