Според информациите на реномираниот „Билд“, Баерн Минхен започнал преговори за доведување на Хари Кејн.
Иако претходно се пишуваше дека Баерн ја одбил можноста да го доведе 29-годишниот голгетер, сепак сега ситуацијата се променила и трансферот наводно е можно да се реализира. Најтрофејниот германски клуб веќе стапил во контакт со Кејн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за најдобриот англиски стрелец, меѓутоа подоцна „ѓаволите“ како да се откажаа. Проблем на „Олд Трафорд“ е ситуацијата со промена на сопственоста, па додека тоа не биде во целост комплетирано се друго ќе почека.
Како опција за Кејн се споменуваше и Реал Мадрид, но веќе јасно е дека прва мета за Флорентино Перез е Килијан Мбапе. Договорот на Кејн со Тотенхем истекува летото 2024 година и ова е последна шанса „петлите“ да заработат од неговото заминување, ако не го продолжи договорот.
Во изминатата сезона Кејн беше стрелец на 30 голови во Премиер лигата.
Bayern have been speaking with Harry Kane's family and have been given the impression he's open to moving to the Bundesliga. The message from the Kane family is that the striker is still thinking about going to the Bundesliga [@cfbayern, @caughtoffside] pic.twitter.com/TUi7O2XzPl
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) June 23, 2023