На натпреварот во Шпанија помеѓу Атлетико Балерес и Реал Кастиља видовме еден бизарен момент. Еден од играчите на Балерес во иста акција со две топки си ја погоди сопствената мрежа.
Нико Паз од редовите на Кастиља изведе слободен удар по кој по промена на правецот на топката на еден од дефанзивците топката заврши во мрежата. За време на изведувањето на прекинот некој од трибините фрли топка во теренот која го погоди истиот играч, па и таа заврши во мрежата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од редовите на Балерес бараа голот да биде поништен поради две топки во поле, меѓутоа судијата остана на својата одлука сметајќи дека втората топка не влијаела на резултатот.