Maнчестер Сити вчера го посрамоти Лидс со победа од 7:0.
Гостите едноставно не можеа ништо против расположениот тим на Пеп, а нормално дека разочаран после натпреварот беше Марсело Биелса. Според Биелса Сити не бил толку добар колку што неговиот тим бил лош.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Не играше Сити толку добро, многу повеќе се гледаше нашата лоша игра. Сити игра слично цело време. Ние го одигравме најлошиот натпревар во овие четири години“.
Лидс во овој момент е во голема криза, најголема откако аргентинскиот стратег е тука.
„Немаше ништо позитивно во нашиот настап. Тоа е се што имам да кажам“, изјави Биелса.