Велшкиот фудбалер Герет Бејл би можел да се соочи со жестока казна во Ла Лига после дербито со Атлетико Мадрид. Надлежните органи ќе ја разгледаат неговата прослава на погодокот.
Бејл би можел да се соочи со ригорозна казна од дури 12 натпревари суспензија откако славејќи го погодокот против градскиот ривал наводно испратил навредливи пораки кон противничкиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
29 годишната ѕвезда на Реал во игра влезе во второто полувреме и учествуваше во победата над градскиот ривал така што го постигна третиот погодок. Веројатно фрустриран што повторно влезе во играта од клупата за резерви и што домашните навивачи му испраќаа свирежи, Бејл гневот го „истури“ преку прославата.
Тој прво ја мавташе со раката во влизина на главата, а потоа ги прекрсти рацете и на навредлив начин им ја покажа десната рака на навивачите на домаќините. Иако голот му помогна да ги стиши фановите на домашниот тим очигледно може да сноси последици.
Шпанската Ла Лига го издаде следното соопштение.
„Во 73-тата минута од натпреварот откако го постигна третиот погодок, играчот на Реал Мадрид Герет Бејл кој добиваше свирежи од домашните навивачи, славеше така што ја подигна десната рака во висина на главата и правеше провокациски гестикулации. Потоа направи можна погрдна гестикулација така што го прекрси рацете и десната ја подигна во висина на главата“.
„Ако тоа се покаже како точно офанзивецот може да биде санкциониран од четири до 12 натпревари. Ако во прашање само анимозитет кон навивачите, суспензијата може да изнесува од една до три натпревари“, стои во соопштението.
Во продолжение погледнете како изгледаше прославата на Бејл.
Callando bocas DON GARETH BALE⚽️??? pic.twitter.com/WWi82MdDLK
— Orgullo Madridista (@anticulerdos_) February 10, 2019