Фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл после подолго време повторно зборуваше за наградата „Пушкаш“ која заврши во рацете на Мохамед Салах.
Велашанецот беше во конкуренција за престижната награда, заедно со Кристиано Роналдо кој исто така постигна гол со „ножички“, но наградата му припадна на Мохамед Салах за голот против Евертон.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Бејл беше во конкуренција за наградата со голот кој го постигна во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул.
„Да бидам искрен и јас сум изненаден што не ја добив наградата. Што да кажам? Мислам дека се направи грешка, иако и Салах постигна одличен гол“, изјави Бејл.
Фудбалерот на Реал таа вечер во финалето од Лигата на шампионите постигна два гола, а „кралевите“ славеа со 3:1.
https://www.youtube.com/watch?v=3GR2jgbkjAY&t=28s