Герет Бејл пред неколку месеци на 34 години објави крај на својата голема кариера. Велшанецот својата кариера ја заврши со пет трофеи во Лигата на шампионите и три во Ла Лига.
За првпат на големата сцена блесна во дресот на Тотенхем од каде што во 2013 година премина во Реал Мадрид за тогаш рекордни 100 милиони евра. За Реал Мадрид собра 268 настапи и постигна 106 голови. Најважните два гола ги постигна во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул во 2018 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гостувајќи во емисијата „FIVE“ со Рио Фердинанд Бејл доби задача да тим од пет најдобри играчи со кои играл во кариерата, без голман.
„Серхио Рамос како дефанзивец, Лука Модриќ за во средина, напред Бензема и Ронадло“, одговори Бејл.