Репрезентативецот на Србија, Никола Миленковиќ (24) го продолжи договорот со Фиорентина до летото 2027 година, соопшти клубот од Фиренца.
Српскиот дефанзивец се споменуваше како потенцијално засилување за Јувентус, Интер, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид…Но на крајот одлучи да го продолжи договорот со „виолетовите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Миленковиќ влегуваше во последната година од договорот, а клубот за него бараше сума од 20 милиони евра и таква адекватна понуда не доби.
„Во разговор со челниците ги сфатив нивните големи амбиции, клубот расте со голема брзина. Исто така ми беше важно Винчецо Италијано и понатаму да биде тренер на екипата“, изјави Миленковиќ.
Миленковиќ во Фиорентина пристигна во 2017 година и брзо стана незаменлив член на одбраната на италијанскиот клуб.
Milenkovic pens new deal until 2027 ⚜#ForzaViola 💜 #Fiorentina #ACFFiorentina #Milenkovic2027 pic.twitter.com/vObvm4rLbq
— ACF Fiorentina English (@ACFFiorentinaEN) August 11, 2022