Со доаѓањето на Маурицио Сари на „Стенфорд Бриџ“, Давид Луиз дожовеа вистинска ренесанса и стана незаменлив дел од одбраната на „сините“.
Бразилецот минатата сезона падна во немилост на Конте, кој после една расправија го исфрли од тимот, па Давид Луиз беше на излезна врата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, оваа сезона со промена на тренерот тој е незаменлив дел од тимот, па раководството на Челзи реши да му понуди нов договор.
31-годишниот дефанзивец има договор до крајот на сезоната, па англискиот клуб ќе му понуди продолжување на договорот за уште една година.
Според политиката на клубот фудбалерите повозрасни од 30 години добиваат само едногодишни договори, а Давид Луиз се согласил и наскоро ќе стави потпис на истиот.