Доменико Берарди сака да го напушти Сасуоло и веќе се договорил со Јувентус, пренесува „Калчомеркато“.
Берарди со години игра одлично во Сасуоло, но никако да направи трансфер во голем клуб, а сега силен интерес за него покажува Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Старата дама“ не донесе замена за Ди Марија и најголема желба на Алегри е токму Берарди.
Јувентус веќе постигнал договор со играчот, но не може да се договори со Сасуоло околу отштетата.
Берарди инсистира да ја промени средината и одбива да тренира за да го забрза трансферот во Јувентус.