Данскиот напаѓач, Николас Бентнер промени многу клубови, а кратка авантура имаше и во италијанскиот гигант Јувентус.
Бентнер помина една сезона во Јувентус (2012/13), а сега открива шокантни детали од неговиот престој во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Немаше никого во соблекувална од соиграчите, а тоа ми беше прв ден во Јувентус. Наидов на група од 10, 12 фудбалери кои во тоалетот пијат кафе, разговараат и пушат цигари. Веднаш знаев дека ќе уживам во тоа“, изјави Бендтнер.
Џиџи Буфон и Андреа Пирло никогаш не криеле дека ги сакаат цигарите, но инсистираат дека тоа не влијае на нивните перформанси.
„Што да им кажам на тие момци? Видете ги нивните кариери и нивната професионалност. Поради тоа што го покажуваа на теренот, не можевте да им замерите. Смешно беше кога Марио го критикуваа за пушењето во тоалетот и тоа беше приказна во сите весници. Во сите клубови каде што сум играл фудбалерите пушеле. Повеќе во Италија отколку во Англија“, вели Данецот.