Дома Фудбал Англија Бенитез измамен, сака да го напушти Њукасл!

Бенитез измамен, сака да го напушти Њукасл!

Рафаел Бенитез одлучил да го напушти Њукасл.

Оваа вест ја пренесуваат англиските медиуми, а причината е, како што пишуваат, Мајк Ешли кој го измамил за ветените засилувања. Бенитез не е во контакт со сопственикот, дури се зборува и дека не зборуваат, но се сретнал со неговата десна рака, Џастин Барнс кој не доведе ниту еден од саканите засилувања, тврдејќи дека се премногу скапи.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


По вчерашниот краток престој на статионот, каде што кратко разговарал со Барнс, тој се вратил дома и се претпоставува дека му било кажано дека нема ништо од засилувањата. Проблемот е договорот кој го има со Њукасл, а ќе плати пенали доколку сака да си замине, а од другата страна Ешли нема да сака да то отпушти.

Бенитез би сакал да седне на клупата на Вест Хем, сака во амбициозен клуб, статусот на Билиќ во клубот е многу несигурен, а впечатокот е дека се чека уште само еден кикс и на Билиќ ќе му биде врачен отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

От Челзи решиле да се разделат со Нкунку, Баерн ја следи ситуацијата

Францускиот напаѓач Кристофер Нкунку ќе го напушти Челзи на лето, тврди германскиот новина…