Вчерашниот меч на Вимблдон од женска конкуренција помеѓу Елина Свитолина од Украина и Викторија Азаренка од Белорусија донесе скандал кој започна со свирежите кон Белорусинката од публиката.
Белорусинката по поразот се поздрави со судијата, додека кон Свитолина само ја крена раката од својата половина и го избегна традиционалното ракување. Таквата нејзина реакција предизвика револт кон публиката. Азаренка на прес-конференцијата тврдеше дека несвесно го направила тоа.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Не знам зошто постапив така, но знам дека никогаш нема да го повторам тоа“, првично изјави тенисерката, но потоа даде некое објаснување.
Elina Svitolina volvió a competir en abril luego de ser madre.
— Tiempo De Tenis (@Tiempodetenis1) July 9, 2023
En solo 3 meses logró…
✅ Título en Estrasburgo.
✅ Cuartos en Roland Garros.
✅ Cuartos en Wimbledon.
Impresionante 💚pic.twitter.com/pV2gJTstSL
Новинарите продолжија да поставуваат прашања на таа тема, па Азаренка истакна дека е свесна за постапките на украинските тенисерки, но и ја навреди публиката.
„Долго време со Елина имаме добар однос, меѓутоа сега сме во една поинаква ситуација. Знам дека не сака да се ракува со противнички од Русија и Белорусија и само ја почитувам нејзината одлука. Требаше ли да чекам на мрежа да дојде да се смилува? Направив нешто што според мене е почит кон нејзината одлука. Не гледам причина поради тоа да добија свирежи, но голем дел од публиката беше пијана, па не се грижам премногу“, заврши белоруската тенисерка.
Азаренка е едно од најголемите имиња во женскиот тим и во минатото победуваше на Австралија Опен (2012 и 2013 година, а на првото на место на ВТА помина 51 недела, во овој момент 20-та тенисерка во светот.