ЏУД БЕЛИНГЕМ (20) моментално е една од најдобрите фудбалери во светот.
Играчот за врска на Реал Мадрид и на англиската репрезентација минатото лето пристигна од Борусија Дортмунд во Реал за 103 милиони евра, а досега на 21 натпревар има 17 гола и пет асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прогласен е за најдобар млад играч на светот, а од пред пет години им е познат на скаутите на најголемите европски клубови.
Кариерата ја започна во Бирмингем Сити, кој го продаде за 30 милиони евра на Борусија Дортмунд во летото 2020.
Белингем можеше да заврши во Манчестер Јунајтед, но виновникот за пропаднатиот трансфер е Џон Муртоу, актуелниот спортски директор на клубот и еден од најодговорните за лошите резултати на Јунајтед во последните години.
Имено, во март 2020 година, Оле Гунар Солскјаер и неговите помошници работеа на трансферот на Белингем.
Тие направија детална анализа на младиот играч за врска и го повикаа Сер Алекс Фергусон дополнително да ја „зачини“ презентацијата на проектот на Јунајтед пред Белингем и неговото семејство, пренесува Фабрицио Романо.
Меѓутоа, Муртог ги изнел фудбалерот и неговите родители од собата во која Фергусон бил и ги одвел на обиколка на терените на клубот, наместо да ги остави кај Фергусон, кој бил воодушевен од Белингем.
Фергусон потоа бил бесен и се скарал со спортскиот директор Муртоу. Малку подоцна, Белингем реши да премине во Борусија Дортмунд, чиј проект повеќе го привлече.
Поради лошиот потег на Муртоу, Јунајтед ја загуби можноста да го доведе најталентираниот млад играч од средниот ред на светот. Денеска Белингем вреди 180 милиони евра и е клучен играч на Реал.