Дома Македонски спорт Мак фудбал Беласица го претстави Ѓоре Јовановски: Ова е клуб со традиција и историја!

Беласица го претстави Ѓоре Јовановски: Ова е клуб со традиција и историја!

Беласица денес официјално го потврди она што беше познато од претходно, Ѓоре Јановски ќе биде нивниот предводник во вториот дел од сезоната.

“Во пролетниот дел, ФК Беласица со нов предводник на тимот, во остварување на зацртаните цели!Јовановски, кој покрај играчката кариера, има и богата кариера како стратег и тоа во Вардар, Слога Југомагнат, Македонската репрезентација, Самсунспор, Работнички, Милано Куманово, Металург, ЦСКА Софија, Шкендија, Брегалница, а сега во своето CV ќе ја придодади и ФК Беласица, како нов предизвик во борбата за опстанок во елитата“, стои во соопштението од ФК Беласица.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Јовановски верува во изборување опстанок во ПМФЛ.

„ФК Беласица е клуб со традиција и многугодишна историја. Сите овде во клубот, стручниот штаб, фудбалерите и раководството веруваме дека ФК Беласица може да опстане, затоа што бодовите кои ги имаме во моментов не одговараат на нашиот квалитет и квалитетот на лигата е изедначена, па така секој секого може да победи“ – истакна искусниот стратег .Му посакуваме среќа и успех во работата“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…