Дома Македонски спорт Еден од најдобрите македонски тренери ќе работи во Саудиска Арабија!

Еден од најдобрите македонски тренери ќе работи во Саудиска Арабија!

Eден од најдобрите македонски тренери на сите времиња, Ѓоре Јовановски ќе води клуб во Саудиска Арабија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јовановски ќе биде тренер на Ал Батин. Сепак, Јовановски нема да има можност да води тим против големите европски ѕвезди бидејќи, Ал Батин се натпреварува во Втората лига во оваа земја. По шест кола се наоѓаат на средина на табелата со три порази и три победи.

За Јовановски ова е и враќање во фудбалот бидејќи последниот клуб кој го водеше беше Беласица во 2021 година. Во кариерата претходно ги водеше: Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Милано, Металург, Брегалница, Шкендија, Самсунспор и ЦСКА Софија.

Исто така беше селектор и на Македонија во периодот од 2001 година до 2002 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…