Дома Фудбал Лига на шампиони Бекам до Зидан: Ве молам, ве молам победете го Ливерпул (Видео)

Бекам до Зидан: Ве молам, ве молам победете го Ливерпул (Видео)

Пред вечерашното големо финале во Лигата на шампионите во Киев во кое играат Реал Мадрид и Ливерпул, Зинедин Зидан беше во друштво на својот поранешен соиграч, Дејвид Бекам.

Легендарниот фудбалер го напушти Манчестер Јунајтед и премина во Реал во 2003 година, но никогаш не го заборави дресот на „црвените ѓаволи“ и големото ривластво со Ливерпул.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Секој навивач на Јунајтед навива против „црвените“ без разлика против кого играат, така размислува и Бекам.

„Да бидете голем играч, а потоа да бидете успешни и како тренер е нешто неверојатно. Му посакувам на Зизу многу среќа во финалето. И, ве молам, ве молам победете го Ливерпул“, изјави Бекам во интервјуто кое Реал го постави на својот „YouTube“ канал.

Зидан и Бекам заедно во Реал Мадрид играа три сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Исак се враќа во Њукасл – се помири со судбината?

Фудбалерот на Њукасл, Александер Исак, се враќа во Англија каде што ќе продолжи со тренинз…