Легендарниот тренер Свен Горан Ериксон ја загуби битката со ракот на панкреасот и почина на 76-годишна возраст. Во последните денови Ериксон беше свесен за својата ситуација и знаеше дека крајот е блиску, па пред една недела објави и проштална порака.
Во неговите последни денови во Шведска го посетил и славниот англиски фудбалер Дејвид Бекам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бекам по смртта на Ериксон објави видео неговата посета.
„Се смеевме и плачевме, знаевме дека се збогуваме…Ти благодарам за се што отсекогаш си бил, страстен, грижлив, смирен, џентлмен…Засекогаш ќе ти бидам благодарен што ме направи твој капитен. Ќе ги негувам овие спомени од последниот ден со тебе и твоето семејство. Ти благодарам и за твоите последни зборови до мене „Ќе биде во ред““, објави Бекам.