Дома Фудбал Останато Без Лига на шампиони, Милан и Рома ги продаваат најдобрите!

Без Лига на шампиони, Милан и Рома ги продаваат најдобрите!

Бидејќи веќе се гледа расплетот во Италија и Аталанта има отворен пат кон четвртото место, големите клубови ќе бидат погодени, имено римските клубови, пред се Рома, но и Милан ќе останат без шеесет милиони евра од Лигата на Шампионите.

Ова се разбира е минималната сума без бодови, но во двата града ќе мораат да го пребројат загубеното.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рома без Лига на Шампиони ќе мора да продаде два играчи, четворица се на листата на барани, Заниоло, Андер, Пелегрини или Манолас. Гркот има клаузула од 38 милиони евра, но Јувентус изгледа дека се откажа, сите го сакаат Заниоло, но никој не сака да плати 60 милиони. Покрај тоа, Рома мора да се ослободи од договорот на Џеко од 5 милиони по сезона, Босанецот ќе го напушти клубот. Проблемот е и тренерот, Конте е скептичен кон намерата Палота да вложи пари, а и без Лигата на Шампионите тешко дека ќе привлече некое поголемо тренерско име.

Лацио е во подобра ситуација, нема долгови, минатата сезона завршија како позитивни, ќе се борат за купот, но очекуваа повеќе. Лотито тврди дека не мора да се продава, но без сериозни засилувања тешко дека и следната сезона ќе се борат за топ 4. Единствено решение е продажба на Милинковиќ-Савиќ, но целосно се реални приказните за 120 милиони евра, најмногу што можат да добијат за Србинот е околу 80 милиони.

Што се однесува на Милан, јасно е дека Гатузо ќе го плати неуспехот, тие и понатаму сакаат да го доведат Сари, доколку Челзи го отпушти, но нема да можат да ангажираат некое големо засилување. Дури, мораат да ги продадат Сусо, Кутроне и веројатни Кеси, за да го надополнат она што го загубија, се споменува и заминување на Романоли, но тоа би било самоубиство. Исто така, ќе останат Пјатек, Пакета и Донарума како основа на екипата.

Уште неколку играчи си заминуваат, Чалханоглу нема понуда, изгледа дека и Бакајоко нема да биде откупен, Монтоливо и Бертолучи имаат договори кои ќе истечат, Кастиљехо е разочаран, исто како и Лаксалт. Но, тоа значи правење на тим, со нов тренер, можеби Ди Франческо, Ван Бомел или некое помалку платено име, јасно е дека клубот се врти во круг.

Како што стојат работите во борбата за Лигата на Шампионите, јасно, доколку Милан ја победи Болоња вечерва, ќе дојде на 59 бода, но сепак да почекаме до вечерашниот натпревар, па потоа може да зборуваме за шансите на „Росонерите“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ спрема понуда за Зидан

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, би можел да го замени Луис Енрике на кор…