Дома Трансфер зона Бартомеу: Преговорите за Лаутаро се замрзнати

Бартомеу: Преговорите за Лаутаро се замрзнати

Раководството на Барселона ги прекина преговорите со Интер за трансферот на Лаутаро Мартинез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интер бара најмалку 90 милиони евра за потписот на Аргентинецот, но Барса не брза со реализација на трансферот после кризата која дојде како последица од пандемијата.

„Овој трансфер пазар многу ќе се разликува од претходните. Повеќето клубови имаат финансиски проблеми, но Барса секогаш е еден од основните играчи на трансфер пазарот“, истакна претседателот на каталонскиот клуб.

„Што се однесува до трансферот на Лаутаро, во овој момент преговорите се прекинати. Имавме разговори со Интер неколку недели, но сега ја анализираме ситуацијата. Ќе почекаме да заврши сезоната“, откри Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…