Трансферот на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона беше една од најголемите трансфер саги ова лето и на крајот се заврши без епилог.
Бразилецот остана на „Енфилд“, а претседателот на Барселона, Бартомеу ги откри сите детали од преговорите и призна дека трансферот пропаднал бидејќи „црвените“ барале 200 милиони евра.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
„Не можам да кажам колку понудивме, но тие бараа 200 милиони евра. Таа сума ние не бевме спремни да ја платиме, па затоа решивме да се оддалечиме од тој скап трансфер. Нашата понуда беше помала од 100 милиони евра, со бонуси достигаше до 120 милиони евра“, откри Бартомеу.
На почетокот на месецот спортскиот директор на Барса, Алверт Солер изјави дека Ливерпул барал 200 милиони евра за Кутињо, нешто што „црвените“ јавно го негираа.
Меѓутоа, сега претседателот Бартомеу уште еднаш ја потврди верзијата и потврди дека тоа била причината за пропаѓање на трансферот.