Ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле му кажа ДА на ПСЖ и е пред трансфер во редовите на францускиот шампион.
Дембеле има договор со Барселона само за уште една сезона, а во него има откупна клаузула од 50 милиони евра, која ПСЖ е спремен да ја плати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тешките финансиски услови Барселона не може да му понуди зголемување на платата, па преговорите помеѓу двете страни беа прекинати.
Ударот за Барса ќе биде уште поголем, затоа што ќе добие само половина од отштетата. Имено, доколку клаузулата биде платена после 1-ви август, 25 милиони одат за Дембеле, а останатите 25 милиони евра се за Барселона.
ПСЖ веќе постигна договор со Дембеле и во следните денови ќе ја плати откупната клаузула.