Откако во текот на вчершаниот ден пристигна вест дека Барселона го договорила трансферот на Фелипе Кутињо, утрово реномираниот новинар Џанлука Ди Марцио, пренесува дека Каталонците испратиле официјална понуда за Осман Дембеле.
Вакво нешто можеше и да се очекува, Барселона во овие моменти располага со огромна сума на пари и се очекува до крајот на преодниот рок во клубот да пристигнат, Иниго Мартинез, Фелипе Кутињо и Осман Дембеле, првите двајца наводно веќе се договорени, па останува уште само Дембеле.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Управата на Каталонците испратила понуда до „милионерите“ од 70 милиони евра плус бонуси, за кои во овој момент не се знае многу. Сепак, Германците сметаат дека Дембеле вреди повеќе и се очекува оваа понуда да биде одбиена.
Во Дортмунд се сеќаваат на ситуацијата на Волфсбург кога го продаде Кевин Де Брујн за 74 милиони евра.
„Се сеќавам кога Волфсбург го продаде Де Брујн, тоа беше најскапиот трансфер во Бундеслигата. Сепак, подоцна се покажа дека не беше и најдобар потег, клубот премногу изгуби на квалитет“, изјави Вацке.
Барселона се надева дека после одлуката на Пјер-Емерик Обамејанг да остане, управата на Дортмунд можеби ќе биде расположена да преговара за трансфер на Дембеле.