Барселона е силно заинтересирана за десниот бек на Ваљадолид, Иван Фреснеда, пренесува „Мундо Депортиво“.
18-годишниот шпански талент одигра одлична сезона и го привкеле вниманието на многу европски гигант.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона сака да ја победи конкуренцијата и се очекува наскоро да започне преговори со Ваљадолид. Фреснеда има откупна клаузула од 20 милиони евра, но Каталонците ќе се обидат да ја намалат таа сума преку преговори.
Чави го посочил младиот Шпанец како приоритет за десната бековска позиција бидејќи верува дека Фреснеда е еден од најголемите шпански таленти.
Ваљадолид испадна во Лига 2, па Фреснеда притиска за трансфер, поради тоа се верува дека може да си замине за 10 милиони евра.