БАРСЕЛОНА со пресврт победи со 2:1 на гостувањето кај Лас Палмас во 19. коло од Ла Лига.
Домашните имаа предност на полувремето, но гостите во вториот дел успеаја да го свртат натпреварот во своја полза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каталонците со оваа победа останаа на третото место со седум бода помалку од Реал и Џирона, додека Лас Палмас е десетти.
Тимот од Канарските острови поведе во 12. минута со комбинација на двајца играчи кои израснаа во Барселона.
Сандро Рамирез со прецизен центаршут од десната страна го пронајде Мунир Ел Хадади, кој пред голманот Пена стигна до топката во шеснаесетникот и погоди за 1:0.
Барселона израмни во 56. минута со бизарен гол. Најпрвин Роберт Левандовски во перспективна позиција со глава го удри соиграчот Роналд Араухо во грбот. Одбраната на Лас Палмас потоа накратко расчисти, па топката се врати во шеснаесетникот.
Од вториот обид да ја расчисти топката, домашниот дефанзивец Саул Коко силно ја шутна топката и го удри Левандовски во глава. Топката се одби кон шеснаесетникот, а во гужвата Серхи Роберто некако успеа да смири за Феран Торес, кој погоди за 1:1.
Голот погледнете го ТУКА
Барселона дојде до пресврт во третата минута од судиското надополнување. Синкгрејвен го турна одзади Илкај Гундоган, кој сакаше да скокне на топката пред празна мрежа. Црвен картон доби Синкгрејвен, а Гундоган сам ја зеде топката и го претвори пеналот за победа.
Голот погледнете го ТУКА