Плејмејкерот на Лестер, Јури Тилеманс ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.




Тилеманс ова лето не направи трансфер и остана во Лестер, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната и тој одби да ја продолжи соработката со „лисиците“.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона се вклучила во трката за 25-годишниот Белгиец и сака да го донесе на „Камп Ноу“ како слободен агент.




Чави бара наследник на Бускетс и верува дека Тилеманс одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.




Меѓутоа, Каталонците имаат жестока конкуренција бидејќи за потписот на плејмејкерот интерес покажуваат уште Арсенал, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.