Во Барселона работат на трансферот на фудбалерот на Сасуоло, Жереми Бога, пренесува каталонски „Спорт“.
Бога е 22-годишен офанзивен фудбалер кој игра на крилните позии, но може да игра и како централен напаѓач. Тој е бивш фудбалер на Челзи, но не успеа да се избори за минутажа на „Стенфорд Бриџ“, па се пресели во Италија во 2018 година.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сасуоло за неговиот потпис плати 3 милиони евра, а моменталната цена на играчот изнесува 15 милиони евра.
Меѓутоа, последниот збор за трансферот ќе го има Челзи, бидејќи „сините“ имаат опција да го откупи назад за 4 милиони евра и покрај тоа што во три сезони изминати на Стемфорд Бриџ тој одигра само еден натпревар.