Френки де Јонг одбива да ја напушти Барселона, а тоа е проблем за клубот кој треба да го намали буџетот за плати.




Барса го притиска Де Јонг да прифати намалување на платата за 50% или да биде продаден, а неговиот агент се уште ги отфрла двете опции.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Поради тоа можеби колатерална жртва ќе биде голманот Марк-Андре Тер Штеген. Финансиската состојба во клубот наложува да биде продаден еден фудбалер со голема плата за да бидат регистрирани Левандовски и Рафиња.




Од „Камп Ноу“ мора да си замине и Мемфис Депај, како и Мингеза, Нето, Умтити, Брајтвајт и Пуиг, на кои не смета тренерот Чави.