Дома Фудбал Барселона објави кога Кутињо ќе се врати на терените

Барселона објави кога Кутињо ќе се врати на терените

Фудбалерите на Барселона пред неколку дена на свој терен ремизираа со Еибар (1:1), а натпреварот го обележа повредата на Фелипе Кутињо.

Бразилскиот играч за врска се повреди во самиот финиш од натпреварот и не беше во состојба да го продолжи натпреварот. Кутињо се пожали на болка во коленото, а после прегледите беше утврдено дека станува збор за скршеница на латералниот менискус.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веднаш стана јасно дека потешка повреда е во прашање. Денес Барселона потврди дека операцијата на Кутињо поминала во најдобар ред и најави негово враќање за три месеци. Ова значи дека Бразилецот би можеле да го видиме на теренот некаде кон почетокот на април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Интер збеснаа: Го бркаат Турам кај брат му во Јувенту!

Браќата Тирам, заедно со Василиј Аџиќ, беа во центарот на вниманието на „Дерби Италије“. П…