Барселона е во потрага по квалитетен дефанзивец, а прва желба на Каталонците е Жил Кунде од Севиља.
Меѓутоа, Французинот е блиску до трансфер во Челзи за 55 милиони фунти, па Барселона мора да разгледува алтернативи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кунде преферира трансфер на „Камп Ноу“, но Барселона не може да се договори со Севиља и да ја израмни понудата на Челзи.
Резервна опција на Каталонците е дефанзивецот на Манчестер Сити и шпански репрезнетативец, Емерик Лапорт.
28-годишниот дефанзивец не е прва опција кај Пеп Гвардиола и сака да ја промени средината, а Чави смета дека ќе биде идеална замена за Пике.
„Граѓаните“ за неговиот потпис платиија 65 милиони евра, па не сакаат да го пуштат за помалку од 50 милиони евра.