Дома Трансфер зона Барселона има план за Кутињо

Барселона има план за Кутињо

Фелипе Кутињо сепак би можел да добие шанса во Барселона.

Имени, тренерот на Барса, Сетиен и порачал на управата на клубот дека сака да го врати и да се обиде да го вклопи во својот систем.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Нормално, тоа ќе се случи доколку Баерн не го откупи неговиот договор.

Во Барса сметаат дека им е потребен фудбалер со такви карактеристики, и дека можат да го ‘разбудат’ Кутињо.

Вчера се појавија и информации дека Кутињо би можел да се пресели во Англија, со оглед на интересот од Челси, но прашање е колку тоа е остварливо.

Кутињо оваа сезона запиша вкупно 32 натпревари за Баерн и постигна девет погодоци.

Барселона го плати вртоглави 120 милиони евра пред нешто повеќе од две години.

Дали ќе се врати во Шпанија и ќе ги оправда парите, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…