Дома Фудбал Барселона и Реал се разминаја во полуфиналето од Суперкупот

Барселона и Реал се разминаја во полуфиналето од Суперкупот

Надлежните органи во Шпанија се договорија со Саудиска Арабија натпреварите од Суперкупот во наредните три години да се играат во Џеда.

За разлика од претходните години во Суперкупот ќе учествуваат четири клуба, па ќе гледаме две полуфиналиња и едно финале.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Денес се одржа ждребот кој во полуфиналето ги спои Валенсија – Реал Мадрид, како и Барселона – Атлетико Мадрид.

Првиот меч ќе се одигра на 8-ми јануари, второто полуфинале на 9-ти јануари, а финалето на 12-ти јануари.

Сите три натпревари ќе се играат во Џеда, Саудиска Арабија која за тоа ќе плати 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…