Дома Фудбал Барселона и понатаму не може да најде решение: Кунде остана нерегистриран

Барселона и понатаму не може да најде решение: Кунде остана нерегистриран

Вечерва Барселона гостува кај Реал Сосиедад на „Сан Себастијан“ во рамките од 2. коло во Ла Лига и во овој натпревар повторно ќе биде без летното засилување во одбраната Жил Кунде.

Дефанзивецот кој дојде од Севиља за 50 милиони евра и понатаму не е во составот затоа што Барселона поради финансиската ситуација не може да го регистрираа. Прво Каталонците треба да се ослободат од неколку фудбалери за да имаат простор на платениот список за Кунде.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сигурно дека Французинот е фрустриран поради ваквата ситуација, а во неговиот договор постои клазула дека тој може да си замине ако не биде регистриран до крајот на преодниот рок и тоа бесплатно. Ако тоа се случи Барселона само би изгубила 50 милиони евра кои ги плати за него.

Во клубот се надеваат дека набрзо ќе се реализира продажбата на Обамејанг и раскинувањето на договорот со Депај, па така Кунде би бил регистриран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид сака да се ослободи од Алаба

Давид Алаба беше лидер на одбраната на Реал Мадрид, но сега се претвори во петта опција по…