Неколку европски клубови веќе започнаа битка за потписот на Џеси Лингард, пренесуваат медиумите на Островот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед и на лето ќе биде слободен агент.




Манчестер Јунајтед му понуди нов договор, но играчот одбива да потпише, бидејќи не е задоволен со својот статус во тимот.
Барселона и Атлетико Мадрид веќе ја започнаа битката за неговиот потпис и сакаат да го донесат без обештетување.




„Црвените ѓаволи“ сакаат да заработат на неговото заминување и се спремни уште во јануари да слушнат понуди за Англичанецот.