Дома Трансфер зона Барселона за 443 милиони евра купила 12 играчи!

Барселона за 443 милиони евра купила 12 играчи!

Роберт Фернандез не е повеќе технички директор на Барселона, но после три години ангажман зад себе остави 12 потпишани фудбалери за кои е издвоено 443 милиони евра.

Иако дојде во сезона 2015/16, Фернандез не е одговорен во тој период за доаѓањето на играчи како што се Видал и Арда Туран.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тој во Барселона ги донесе Умтити, Андре Гомес, Јаспер Цилесен, Денис Суарез, Лукас Диње и Пако Алкасер и сето тоа во првата година.

Следната година ги купи Дембеле, Паулињо, Семедо и Деулофеу, а потоа Фелипе Кутињо и Јери Мина.

Интересно е што под водство на Фернандез повеќе играчи заминале отколку што дошле. Од тимот заминаа Нејмар, Туран, Марлон, Деулофеу, Мунир и Сампер, потоа Алвес, Матју, Сандро, Бартра, Маскерано и Мбола.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бомба од Олд Трафорд! Керик носи играч од средниот ред за 80 милиони евра!

Многу е веројатно дека Манчестер Јунајтед следната сезона сепак ќе игра во Лига на шампион…