Дома Фудбал Барселона го избрка играчот кој го навреди Куман и загуби повеќе од 10 милиони

Барселона го избрка играчот кој го навреди Куман и загуби повеќе од 10 милиони

Барселона го раскина договорот со Бразилецот Матеус Фернандес, кој не успеа да дебитира за првиот тим.

22-годишниот фудбалер имаше договор со Каталонците на уште четири години, но денес клубот еднострано ја раскина соработката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми откриваат дека клубот се решил на ваков чекор откако минатиот месец Фернандес јавно го критикуваше тренерот Роналд Куман.

Фернандес беше донесен во 2020 година за 7 милиони евра од Палмеирас и веднаш беше испратен на позајмица во Ваљадолид на 6 месеци. Минатата сезона тој остана во Барса, но запиша само еден настап и тоа во ЛШ против Динамо Киев.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека со раскинувањето на договорот Барселона е во загуба од над 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Распадори кажа “да” на Рома

Рома презема одлучни чекори на трансферниот пазар и е близу до финализирање на ангажманот …